Се за покривот од А до Ш

Соларен колектор Брамак PRO - Интегрирано решение

Нова технологија и Нов дизајн
  • Патентирано решение за соларниот колектор со вклучениот метален оков. Осигурува едноставна, брза и евтина монтажа.
  • Се поставуваат при минимален наклон на покривот од 20º.
  • Висок коефициент на корисно дејство – алуминиумско-бакарен апсорбер со ефикасен селективен вакумски слој.
  • Еколошки и економичен извор на енергија: со 8 м² соларниот колектор Брамак PRO може да ви заштеди до 500 литри нафта годишно.
  • Одговара за сите видови покриви.
  • Има 10 години гаранција.
  • Австријска марка за квалитет – БРАМАК значи квалитет, сигурност и доверба.
  • Сертифициран од Solar Keymark
  • Задоволство за години нанапред и прекрасен дизајн.
Брза и лесна монтажа заради вклучениот поцинкуван сет за монтирање (одзема околу 1 час за еден колектор)
  1. Прикачување на јажиња за држачите на колекторот, сечење на фолијата и распакување на колекторот.
  2. Демонтажа на дрвената решетка за транспортирање на колекторот.
  3. Исправување на сетот за монтажа (рамката).
  4. Монтирање на летвите за прицврстување.
  5. Дупчење на отвори за цевките со уред наменет за тоа.
  6. Над самите отвори се монтира олук за истекување на евентуална вода.
  7. Колекторот се транспортира до покривот во хоризонтална положба.
  8. Пред да биде поставен на покривот, колекторот треба да се наведне со 10º повеќе од наклонот на покривот.
  9. Прицврстување на колекторот со штрафови.
  10. Демонтажа на алките и заштрафување на останатите 4 штрафа.
  11. Алуминиумските капаци се позиционираат точно и се притискаат кон алуминиумската лајсна додека да кликнат.
  12. Страничниот преклоп е возможен без да се сечат ќерамиди. И покрај тоа треба да бидат фиксирани кон летвите со штрафови.
  13. Отстранување на заштитната фолија од рабовите. Основата треба да е сува и исчистена од прашина.
  14. Сетот за монтажа (рамката) треба да е оформен по прфилот на ќерамидите за подобра визија.
  15. Завршно монтиран колектор.

Важно: Кон секој колектор има инструкции за монтажа. Инструкциите за монтирање можете да најдете и на сајтот на Брамак www.bramac.bg.

Целосни информации за соларен колектор Брамак PRO