Се за покривот од А до Ш

Соларните компоненти Брамак - оптимално комплексно решение

Соларен бојлер Брамак

Соларниот бојлер Брамак е перфектното комплексно решение за бесплатно користиње на сончевата енергија за загревање на водата. Со многу ефикасна спирала сончевата енергија се пренесува од соларниот колектор Брамак и ја загрева водата во бојлерот. Водата во бојлерот се топли бесплатно и нештетејќи и на животната средина. Соларниот бојлер Брамак ги исполнува највисоките стандарти за ефикасност, дизајн и долготрајност со одличен баланс помеѓу цена и квалитет. Независно дали бојлерот е од 300 л. или од 500 л., резултатите зборуваат сами за себе.

Предности:
  • Високо квалитетен челик со два слоја поцинкована обвивка и магнезиј-анодна заштита
  • Оптимален трансфер на топлинската енергија преку два топлински изменувачи (спирали) за врска со сончевите колектори и котел за дополнително загревање
  • Контролер
  • 50мм дебела тврда полиуретанова топлинска изолација за минимални термички загуби
  • Максимален работен притисок 10 bar
  • 5 години гаранција
     

Електричен грејач Брамак

За краткотрајно загревање (на пр. против замрзнување), променлив регулатор за температурата од 0º до 90º, ограничување на температурата до 110º(надворешно регулирање). Не е наменет за долготрајна употреба (има опасност за да се создаде талог).

Брамак пумпен сет

Брамак пумпениот сет содржи тврда топлинска изолација, неповратен вентил на потис и поврат, сигурносен вентил 6 bar, приклучоци за полнење/испуст, термометар на потис и поврат, вентил за обезвоздушување и мерач на проток, приклучоци ¾'' F, без контролер.

 

Брамак контролер

Брамак контролерот е со тврда топлинска изолација, за директно монтирање кон пумпениот сет Брамак.

 

Експанзионен сад /Експанзија/ Брамак

Експанзионен сад е мембрана, отпорна на високи температури, за употреба кај соларните инсталации. Пред притисок 2,5 bar, работен притисок до 6 bar. ПОтребно е димензионирање во зависност од големината на инсталацијата.

 

Брамак работен флуид

Работниот флуид за соларните инсталации од пропилен гликол со корозијски инхибитори. Појава на ледени кристали на -17ºС, температура на втечнување -23ºС и опасност од пукање на колекторот при -40ºС. Безбедна и биолошки разтворлива. Во согласност со основните безбедносни барање на Европската директива ONORM B 5195-2.

 

Топлински изолирана флексибилна прохромска цевка Брамак

Топлински изолирана флексибилна прохромска цевка 2хDN16, должина 15 м со силиконов кабел за термички сензор.

 

Брамак фитинзи

Фитинзи за FLEX флексибилни прохромски цевки со клик систем за брза и лесна монтажа.

 

Брамак Универзален пробив за цевки низ покривот

Одговара за цевки за соларни инсталации со дијаметар помеѓу 10 и 70 мм, а исто така и за екелектроинсталации (на пр. сателитски и фотоволтаички системи). Самолепливата лента EPDM осигурува цврсто и здраво поврзување со покривната фолија и дава сигурност од проникнувањето на вода и ветер.

 

Брамак Универзален пробив за кабли низ покривот

За каби со дијаметар помеѓу 4 и 8 мм. Одговара за (на пр. сателитски и фотоволтаички системи, осветлување, камери и др.) Варијанти а 8 (8К) и 16 (16К) кабли.