Се за покривот од А до Ш

Намалување на трошоците за греење и бесплатна топла вода

 

Ниско енергетските и пасивни згради дозволуваат значајно да бидат намалени трошоците за греење. Без промени останува потрошувачката на енергија за затоплување на вода. Во едно средно домаќинство потрошувачката на топла вода за еден човек е околу 50 литри на ден. Годишната потрошувачка на енергија е околу 850 kWh за топлење на таа количина на вода од 10º до 50ºС. Една фамилија од четири члена има потреба од 3400 kWh за загревање на топлата вода. За споредба добро топлотно изолираните згради веќе имаат потреба од помалку енергија за греење. Во една куќа од 130 м² со мала употреба на енергија, доволни се 2600 kWh за да има комфортна температура  во текот на целата година. Ако го погледнеме графикот ќе видиме како со енергетското оптимизирање на зградите се менува соодносот меѓу двата основни енергопотрошувачи.

НАМАЛУВАЊЕТО НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ РАСХОДИ Е ДОБРО ЗА КЛИМАТА -  Во периодот март-октомври сончевата енергија е доволна за покривање на 85 % од потребите за топла вода. Со помош на модерната соларна техника вие можете значајно да ги намалите расходите за загревање на водата.

Насочување за економично пресметување

Ефекасноста на сончевите колектори за топла вода во домаќинствата, за загревање на вода во базени или помагање на греењето, не може да се пресмета со директно споредување на расходите за природните горива со разходите за инвестиција во сончевите колектори, туку само со одредување на ефикасноста на системот во текот на целата година. При одредувањето на  ефекасноста на сончевите колектори треба да се земат во предвид сите фактори, климатските услови во Македонија и да се почитува следното:

  • Системот за топла вода во домаќинството треба да биде приспособен кон реалната целогодишна потрошувачка на домаќинството. Помеѓу 40 % и 70 % од користената топла вода во домаќинството во текот на годината да се загрева од сончевите колектори.
  • Сончевите колектори одговараат исто така и за греење во домаќинството. За една добро изолирана семејна куќа обично се потребни меѓу 16 м² и 20м² колекторска површина.
  • За да се избегне непотребно голема инсталација , треба да се следат насоките и нормите за пресметување.

Навистина секоја инсталација треба да има некакви резерви, т.е. да произведува непотребна топлина во одредени периоди. Но во нашиот климатски појас економски е ефикасно до 70 % од топлата вода да се загрева од сончеви колектори.

Добиената сончева енергија во летниот период изразена во проценти е поголема од потребностите на домаќинствата и повеќето енергија не е можно да биде употребена. Само и единствено преку одредени мерки таа енергија би можела да биде зачувана.

Пресметување

Пресметувањето на сончевите колектори и одредувањето на нивната површина зависи од следните фактори:

  • Потреба од топла вода
  • Потреба од греење (при желба за потпомагање на греењето)
  • Посакуваниот дел од сончева енергија
  • Местоположба / метереолошки услови
  • Ориентација и наклон
  • Вид на колекторот

Дневната потрошувачка на топла вода (45ºС) на човек во литри:

  • Економична варијанта – 30- 40 л.
  • Средна варијанта – 50-60 л.
  • Неекономична варијанта 70-100 л.

Обем на бојлерот – Бојлерот треба да биде одбран така да при еден ден со лошо време да не ни се одрази на нормалната потрошувачка.

Колекторна површина  -  препораки:

  • Околу 1,5 м² колекторна површина за човек
  • Наклон на колекторот >20º
  • Насочен од југоисток кон југозапад
  • Семејна куќа : потребите од топла вода х 2
  • Повеќесемејна куќа: потребите од топла вода х 1,5 или околу 50-100 литри обем на бојлерот на м² колекторска површина.

За поточно определување на површината на колекторот може да се користи приложената график.