Се за покривот од А до Ш

Уживајте во најголемата слобода: Енергија од сопствениот покрив

Силата на сонцето – извор на бескрајна енергија

Светската потрошувачка на енергија за една година е еднаква на 3 часа сончево греење.

Големата коцка ја претставува годишната енергија која што сонцето ја дава. Малите коцки ги претставуваат традиционалните енергетски доставувачи. Најмалата коцка е симбол на светските годишни енергетски потреби.

За неколку часа сонцето ја доставува потребната за една година енергија на планетата.

Сонцето е најеколошкиот, неисцрпен и бесплатен извор на енергија и основа на животот на планетата.

Насладете се на големата слобода. Енергија од сопствениот покрив.

Средна годишна сончева радиација во kWh/m² - во Македонија средната сончева радиација е околу 1400 kWh/m². Во повисоките планински делови и во североисточна Македонија достигнува и до 1600 kWh/m². Има доволно сончева енергија за ефикасно работење на сончевите колектори. 85% од годишната сончева радиација е доволна од месец март до месец октомври, ако биде примена и употребена, за да ни затопли вода за домаќинството до 60ºС. Во останатиот дел од годината, т.е зимските месеци, затоплувањето на водата треба да биде помогнато преку топлотен систем, т.е. преку друг извор на енергија. Околу 70 % од потребите за топла вода на едно домаќинство се покриваат со сончевите колектори.

Оптимално орентирање на сончевите колектори – Најдобриот случај е кога колекторите се ориентирани на југ (азимут 0º). Со поглед кон југоисток (азимут -45º) или југозапад (азимут +45º) може да има толеранција и се одразува без особени промени во ефикасноста на затоплувањето на водата. Донекаде одредени отклонувања во ориентацијата ма колекторот би можеле да бидат компензирани со зголемување на неговата површина /квадратура.

Оптимален агол на нагибот – Колекторите се најефикасни кога се ориентирани под прав агол спрема сонцето. За перфектниот агол има значење и сезоната, т.е. во лето сонцето е повисоко, отколку во зима. Најдобриот нагиб е меѓу 20º и 70º. Кај соларните системи и за затоплување на простори се преферира поголем агол (од околу 30º), и по тој начин се користи оптимално ниското сонце во зимските месеци. Кај соларни системи наменети само за затоплување на вода, нагибот од 20º овозможува ефикасно користење.

Проверениот квалитет дава сигурност за долги години нанапред

SOLAR KEYMARK, Квалитет за Европа – “Solar Keymark” е европски симбол за квалитет кај сончевите колектори. Сончеви колектори со овој симбол се одобрени за употреба од Европскиот комитет за стандартизација и сертификација на производи, усогласени со европските норми. За да добие ваков симбол за квалитет еден колектор, потребно е да издржи комплексно испитување според нормите (EN12975). Вреднување на Системот за контрола на квалитетот при производството е задолжително. Материјалот кој што ќе биде проверен треба да е заемен за време на производниот процес од независен орган. Понатаму производите редовно се проверуваат и контролираат на одредени периоди од време – овие контроли се услов за сочувување на сертификатот “Solar Keymark”.

Извор на информацијата: SPF Solarenergy und Arsenal Research

Печат за квалитет AUSTRIA-SOLAR – НАЈДОБРИОТ КВАЛИТЕТ И ДОЛГОРОЧНА ГАРАНЦИЈА – Здружението Австрија-солар заедно со научните институти за проучување и истражување Arsenal и ASIC го создаваат во 2003 година печатот за одобрување на квалитетот на доставувачите на сончеви колектори. Оној кој ќе си купи систем со печат за квалитет, купува производ со проверен висок кавлитет, произведен од метеријали, безбедни за околната средина. Печатот гарантира минимум 10 години гаранција на колекторите. Здружението исто така ги проверува инструкциите за експлоатација, протоколите и договорите за одржување на системите. Мониторинг за користење на печатот се реализира од независна комисија.

Печат за квалитет означува:

  1. Минимум 10 години гаранција на колекторите
  2. Документација за изведувачи и потрошувачи
  3. Еколошки производ
  4. Колектори, проучени од акредитирани институции на ЕУ согласно европските норми.

10 ГОДИНИ БРАМАК ГАРАНЦИЈА -  За соларните колектори Брамак имаат 10 години гаранција. Во рамките на овој гаранциски рок Брамак осигурува безплатно менување на материјалите, за кои е докажано дека не одговараат на побарувањата на нормите EN 12975-1 и EN 12975-2.