Се за покривот од А до Ш

Покривни опшивки



Компонента од типот СПОКОЈСТВО - Достапни се два вида:

  • Wakaflex систем - Универзална примена за професионална изведба на врските околу ѕид, оџак, испакнати градежни елементи и други врски во покривот. Патентиран производ за можно најсигурна заштита на ризичните врски на покривот (покрив/оџак и покрив/ѕид). Долготрајна UV и температурна постојаност.Растегливост во двете насоки (околу 50% надолжно и околу 15% попречно). Значително полесен во споредба со другите врски околу покривот.
  • Easy Flash систем - За разлика од Wakaflex кај кој може да се лепи лицето со опачината, материјалот EasyFlesh треба да се лепи задолжително опачина со опачина, како кај стандардните лимени опшивки.
WakaFlex

Wakaflex е универзално применлив производ за секакви врски на покривот со ѕидови и оџаци. Тој може да се обработува и поставува професионално со вообичаените инструменти, пластичен е и одговара токму на контурите на покривот преку вградената алуминиумска мрежа. Формата, која се добива при поставувањето, се задржува во текот на целиот временски период. Поради самолепливоста потребата од дополнително лемење или лепење отпаѓа. Надолжните лепливи ленти се лепат цврсто кон основата и не дозволуваат навлегување на дожд, снег и прашина. Wakaflex е погоден за сите покривни материјали. При поставувањето задолжително се користи лајсна за Wakaflex и силикон. Лајсната може лесно да се монтира со помош на шрафови и типли, чии отвори се веќе порфорирани. Благодарение на двете бои на лајсната истата може да се користи соодветно од црвената или кафеавата страна.

WakaFlex - Технички карактеристики:
Материјал: Висококвалитетен со стабилна боја полиизобутилен со вградена алуминиумска армирачка мрежа и самолепливи ленти од двете страни.
Бои: Црвена, кафеава и антрацит
Примена:  За врска на покривот со оџаци, ѕидови и др.
Ширина: 28 см
Должина: Ролна од 5 м
Тежина: Околу 4,25 кг/ролна
Температурна стабилност: Од - 40 до +100°C по DIN 52133
UV отпорност: По DIN 16726
Лајсна за WakaFlex и силокон

За една лајсна потребни се 12 шрафофи и типли.

Транспарентниот силикон се поставува помеѓу лајсната за WakaFlex и оџакот (ѕидот). Материјалот е отпорен на UV-зраци и може да се бојадисува.

 

 

 

Лаjсна за WakaFlex - Технички карактеристики:
Материјал: Висококвалитетен алуминиумсски лим, бојадисан
Боja: Едната страна - црвена, другата - кафеава (двострано употреблив)
Висина: 6 см
Должина: 240 см
Перфорација за монтажа: на 20 см
Дијаметар на отворот: 6 мм
Силикон - Технички карактеристики:
Материјал: Синтетички каучук
Боja: Транспарентен
Температура за монтажа: од +5 до +40°C
Обем: 310 ml/туба
Потрошувачка: околу 1 туба/5 м лаjсна
EasyFlash

Нов современ материјал за опшивка на оџаци и изведба на споевите на ѕидот со ќерамидите, погоден за сите модели керамиди Брамак.

Флексибилен материјал за лесна монтажа и обликување по профилот на ќерамидите. Брза монтажа. За квалитетното лепење основата треба да е сува и чиста.

 

 

 

EasyFlash - Технички карактеристики:
Материјал: Бојадисан алуминиум, PET-фолија, Pet-влакна и самолеплива бутил површина, силиконизирана заштитна фолија.
Бои: Црвена, кафеава и антрацит
Примена:  За врска на покривот со оџаци, ѕидови и др.
Големина: Ролни 30 см/5,0 м и 45 см/5,0 м
Растегливост: > 50%, само надолжно
Тежина:  Околу 2,25 кг (ролна 30 см), 3,38 кг (ролна 45 см)
Температурна стабилност: Од –25 до +90°C
Температура за монтажа: Од +5 до +40°C
UV отпорност: Да
Лим за странично оформување

Ја штити косата челна даска и ја одведува водата во олукот.

Се користи кога косата стреа не е под прав агол со стреата и неможе да се постави завршна ќерамида.

Се користи и за обликување на косата стреа кај ќерамидите Спектра Еко и Натура Плус (за овие модели не се нудат завршни ќерамиди). 

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Висококвалитетен поцинкуван лим, бојадисан
Примена: За сите модели ќерамиди
Боja: Црвена и кафеава
Дoлжина: 200 см
Висина на страничен дел: 8 см, ширина на рамната основа: 14,7 см
Вкупна (отворена) ширина: 31,2 см
Дебелина: 0,5 мм
Тежина: 3,12 кг
Потрошувачка: 1 пар./1,9 должни м. коса стреа