Се за покривот од А до Ш

Вентилација на покривот



Компонента од типот УДОБНОСТ - Обезбедува проветрување на покривот.

  • Вентилациона ќерамида - Функционално проветрување на просторот меѓу хидроизолационата фолија и ќерамидите.
  • Мрежа за вентилација - Природна вентилација од стреата кон слемето. Се користи и како челна даска.
  • Заштитна решетка против птици - Ефикасна заштита од навлегување на птици во стреата, увалата и поткровјето. Со големиот вентилацијски пресек заштитната решетка обезбедува пријатна клима во просториите и добра вентилација на кровот. Се адаптира кон профилот на ќерамидите и се поставува брзо.
  • Комбиниран елемент за вентилација - ефективно решение кое го спречува навлегувањето на птици во подпокривниот простор и се грижи за добра вентилација на покривот и пријатна клима во просториите. Систем 3 во 1: вентилација, бидејќи е замена на летвата на стреата. Не се потребни дополнителни испакнувања за олукот.
Вентилациони ќерамиди

Вентилационите ќерамиди се потребни како отвори за одвод на воздухот во областа на слемето за постигнување на функционален "ладен покрив". Во ÖNORM B2219 / B7219 е определен бројот на потребните отвори. Тој се определува од должината на реброто и наклонот на покривот.

Вентилационите ќерамиди се поставуваат обично на вториот или третиот ред под слемето. При четириводни покриви може да се стави ќерамида за вентилација и во областа на грбината.

  

 

Технички карактеристики:
Материјал: песок, цемент, вода и неорганиски пигменти
Бои: во зависност од моделот ќерамиди
Модел: за сите модели ќерамиди Брамак
Големина: 330х420 мм
Тежина: 5,9 кг/парче
Ширина на покривот: 30,0 см
Еден отвор за завртка или шајка: Ø 4 мм
Пресек за вентилација: 50 см²/парче
Потрошувачка: најмалку 10 пар./100 м² покривна површина, одн. согласно со норма В4119/В7219
Мрежа за вентилација

Mрежата за вентилација го спречува навлегувањето на птици помеѓу подпокривната фолија и првата летва на стреата.

 

 

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: тврдо PVC
Бои: црвена, кафеава и црна
Примена: за сите модели ќерамиди Брамак
Големина: на шемата, ролна - 5м
Пресек за вентилација: 538 см²/должни м.
Тежина: 0,47 кг/ролна
Потрошувачка: 1 ролна/5 должни м. стреа
Заштитна решетка против птици

Решетката против птици штити од навлегување на птици помеѓу првата летва (челна даска) на стреата и профилираните ќерамиди.

 

 

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: полиетилен
Боја: црна
Примена: за сите модели ќерамиди Брамак
Големина: на шемата
Должина: 100 см/пар.
Тежина: 0,100 кг/пар.
Потрошувачка: 1 пар./должен м. стреа
Комбиниран елемент за вентилација

Тоа е компактен производ за вентилација во областа на стреата со вградена решетка против птици. Се прицврстува врз најдолната летва на стреата или челната даска. Не е потребно да се постави и втора летва на стреата за да се запази истиот наклон на ќерамидите. Од долната страна комбинираниот елемент за вентилација има ногарки, кои по потреба можат да се отстранат, и со тоа се олеснува монтажата на држачот за олукот.

 



Технички карактеристики:
Материјал: полиетилен
Боја: црна
Примена: за сите модели ќерамиди Брамак
Должина: 100 см
Висина: 3 см (без решетката)
Тежина: 0,16 кг/пар.
Пресек за вентилација: 200 см²/должен м.
Потрошувачка: 1 пар./1 должен м. стреа