Се за покривот од А до Ш

Снегобрани



Компонента од типот СИГУРНОСТ - Ги вклучува следните компоненти:

  • Снегобран решетка - системот за задржување на снег е најсигурен за заштита од лизгање на снег. Тој може да служи и како дополнителна мерка на претпазливост во областа на стреата. Не се нуди кај моделот Атика.
  • Снегобран ќерамида - Нејзината задача е да го задржи снегот на покривот максимално долго време и при растопување на снегот на површината, тој да биде одведен во олукот. На овој начин се спречува формирањето на мразулци и собирање на мраз во олуците на зградата со тоа нема да има проблем и со одмрзнувањето на олуците, кои се многу опасни за луѓето, кои поминуваат одоздола. Предности: Хармонично интегрирање со бојата на покривот; хомогеност на материјалот, со што се постигнува подобар оптички ефект. Подобра ефективност и затворена покривна површина. Се избегнува појавата на боја по покривот од рѓа; не се дозволува навлегување на влага во подпокривниот простор. Не се нуди за Атика.
  • Снегобран кука - го запира лизгањето на снежни маси од покривот. Системско решение за моделот Атика. Брзо и лесно поставување преку адаптирање кон геометријата на покривот. Еден модел одговара на сите ќерамиди. Оптимален како комбинација со системи за задржување на снег. Се препорачува во различни бои - црвена, кафеава, црна.
Снегобран ќерамида

Најважните предности снегобран ќерамидата на Брамак  се:

  • Хармонично интегрирање  на снегобран ќерамидата со бојата на останатите ќерамиди на покривот.
  • Хомогеност на материјалот, со што се постигнува подобар оптички ефект. Се избегнува појавата на боја по покривот од рѓа.
  • Заштитен подпокривен простор - не се допушта навлегување на влага во подпокривниот простор.

Снегобран ќерамидите се поставуваат во вториот ред од стреата нагоре. Тие се поставуваат по целата должина, и од неа нагоре се распределуваат рамномерно по целата површина на покривот.

 

Технички карактеристики:
Материјал: Песок, цемент, вода и неоргански пигменти
Бои: Во зависност од видот на ќерамидата
Модел:  За сите видови и модели, без Атика Антик и Атика Протектор
Големина: 330х420 мм
Тежина: 4,75 кг/пар.
Покривна ширина: 30,0 см
Потрошувачка: Од 1,3 до 3,4 пар./м² покривна површина, во зависност од наклонот на покривот и локацијата (оптоварувањето од снег)
Снегобран решетка - систем

Овој систем е дополнителна заштитана мерка во пределот на стреата, и тоа најчесто таму каде постојат релевантни одредби од страна на инвеститорот или градежната контрола. Се состои од: ќерамида-основа, држач за решетка, решетка за задржување на снег и спојка. Ќерамидата-основа одговара на пола ќерамида и треба да се постави секогаш врз реброто на покривот. Максималното аксијално растојание помеѓу ќерамидите-основи е 920 мм. Летвите, на кои се поставува ќерамидата-основа треба да се зајакнат со дополнителни клинци или завртки. Креамидата-основа се поставува врз реброто, се дупчат отвори со дијаметар од околу 3мм и се прицврстуваат со две навртки врз летвата. Држачот за решетката се поставува на ќерамидата-основа додека не кликне. До ќерамидата-основа се поставува половинка ќереамида.

 

Снегобран решетка - Технички карактеристики:
Материјал: Обоен алуминиум
Модели: За сите видови и модели ќерамида, без Атика Антик, Атика PROTECTOR и Спектра Еко -сива
Бои: Црвена, црвено-кафеава, кафеава и антрацит
Големина: 180х420 мм
Покривна ширина: 15 см
Тежина: 0,92 кг/пар.
Оптоварување: Макс. 4,0kN
Потрошувачка: 1 пар./ребро, максимално аксијално растојание помеѓу ребрата 92 см
Заелешка: При повисоки барања ќерамидите основи може да се згуснат
Држач за снегобран решетка - Технички карактеристики:
Материјал: Обоен алуминиум
Бои: Црвена, црвено-кафеава, кафеава и антрацит
Примена: Кон ќерамидaтa-основа
Тежина: 0,25 кг/пар.
Потрошувачка: 1 пар./ќерамидa-основа
Снегобран решетка - Технички карактеристики:
Материјал:
Галванизиран челик, обоен од сите страни
Бои: Црвена, црвено-кафеава, кафеава и антрацит
Примена: Кон држачот за задржување на снег
Висина: 20 см
Должина: 300,0 см
Тежина: 3,75 кг/пар.
Потрошувачка: Според должината на стреата
Сврзувачка спојка за снегобран решетка - Технички карактеристики:
Материјал: Галванизиран челик, обоен од сите страни
Бои: Црвена, црвено-кафеава, кафеава и антрацит
Примена: За поврзување на снегобран решетки
Должина: 5,5 см
Потрошувачка: По 2 пар./спојка
Снегобран кука

Снегобран куката служи за запирање на лизгањето на снежни маси од покривот. Во принцип важат истите правила за определување на бројот и нивното позиционирање, како кај снегобран ќерамидата. Се користи и како систематско задржување на снегот кај ќерамидите Атика Протектор и Атика Антик.

 

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Поцинкуван лим - обоен со полимерен слој
Бои: Црвена, кафеава и антрацит
Примена: За сите видови ќерамиди Брамак*
Големина: 380 мм должина
Тежина: 0,22 кг/пар.
Потрошувачка: Од 1,3 до 3,4 пар./м² покривна површина, во зависност од наклонот на покривот и локацијата (товарот од снег)

*При нормативно оптоварување од снег од над 255 кг/m² се препорачува задолжително користењето на ќерамиди за задржување на снег.

Забелешка: Во случај да задржувањето на снег при постоечјите покриви не е доволно, може да се користат дополнителни куки за задржувањето на снег, наместо менување на обичните ќерамиди со снегобран ќерамиди.