Се за покривот од А до Ш

Слеме и Грбина



Компонента од типот УДОБНОСТ - Елементите за слеме ги запечатуваат критичните зони на покривот и ја исполнуваат дополнителната функција ВЕНТИЛАЦИЈА.

  • Капак
  • Почетен капак
  • Разделен капак 3-води
  • Разделен капак 4-води
  • Завршна слемена плочка голема 
  • Завршна слемена плочка мала
  • Сува монтажа на слеме и грбина
Капак и држач за капаци

Капакот понуден од Брамак има конусна форма. Капаците се поставуваат еден врз друг со преклоп и се фиксирани со држач за капаци. Соодветни се како за сува монтажа, така и за монтажа со вароцементен раствор.

Држач за капаци - се користи за прицврстување на капаците со помош на завртка или шајка директно на слемено-гребената летва.

 

 

Капак - Технички карактеристики:
Материјал: Песок, цемент, вода и неоргански пигменти
Примена: За сите видови ќерамиди
Боja:  Црвена, црвено-кафеава, антрацит, брилијант црна, антик, натура и еко
Големина: 250/218х450 мм
Тежина: 4,8 кг/пар.
Покривна должина: 40 см
Еден отвор: За винт Ø 4мм
Потрошувачка: 2,5 пар./должен м. слеме или грбина
Држач за капаци - Технички карактеристики:
Материјал: Aлуминиумски лим 1,6 мм, обоен
Бои: Црвена, кафеава, црвенокафеава и антрацит
Примена: За сува монтажа на капаци
Потрошувачка: 1 пар./капак
Почетен капак и Ѕвонеста шајка

Почетен капак - со своето заоблено чело почетниот капак е убаво и едноставно решение за обликување почетокот на грбината.

Ѕвонеста шајка - се користи за прицврстување на почетниот капак или разделниот капак кон слемено-гребената летва. Има капаче со гумен дихтунг против навлегувањето на вода.

 

 

Почетен капак - Технички карактеристики:
Материјал: Песок, цемент, вода и неоргански пигменти
Боја: Во зависност од бојата на ќерамидите
Модел: За сите видови и модели
Големина: 250/218х450 мм
Тежина: 4,75 кг/пар.
Покривна должина: 40,0 см
Два отвора: За завртка или шајка 1 х Ø 4 мм, 1 х Ø 5 мм
Потрошувачка: 1 пар./ грбина
Ѕвонеста шајка - Технички карактеристики:
Материјал: Галванизиран челик, обоен
Боја: Црна
Должина: 120 мм
Дијаметар капаче: 20 мм
Модел: За сите модели на керамидите Брамак
Потрошувачка: 1 пар./капак

Забелешка: Почетниот капак не се препорачува за почеток на слеме кај покриви со завршни ќерамиди.

Разделен капак 3-води

Тој остварува убава и сигурна врска против навлегувањето на дожд помеѓу слемето и двете грбини кај четириводни покриви.

Се користи кај сите модели на ќерамиди при наклон на покривот од 15° до 50°. За прицврстување на капакот се користи ѕвонеста шајка.

 

 

 

Технички карактеристки:
Материјал: Песок, цемент, вода и неоргански пигменти
Боja: Во зависност од бојата на ќерамидите
Модел: За сите видови и модели
Тежина: 4,5 кг/пар.
Еден отвор: За завртка или шајка Ø х 5мм
Потрошувачка: 1 пар./врска
Разделен капак 4-води

Тој остварува убава и сигурна врска против навлегувањето на дожд помеѓу четири грбини кај четириводни пирамидални покриви, кај кои грбините се сопојуваат на врвот под ист агол.

Погоден за покриви со наклон од 15° до 50°. За прицврстување на капакот се користи ѕвонеста шајка.

  

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Песок, цемент, вода и неоргански пигменти
Боja: Црвена, црвенокафеава и антрацит
Модел: За Класик, Класик Протектор, Дунав, Атика Антик и Атика Протектор
Тежина: 6,0 кг/пар.
Еден отвор: За завртка или шајка Ø х 5мм
Потрошувачка: 1 пар./врска
Завршна слемена плочка - голема

Убав елемент за обликување на почетокот и крајот на хоризонталното слеме.

Таа претставува убав детал при обликување на почеток и крајот на слемето помеѓу капакот и двете завршни ќерамиди. Прицврстувањето се врши со завртка, доставена со паковањто.

 

Завршна слемена плочка - голема - Технички карактеристики:
Материјал: Цврсто PVC
Бои: Црвена, црвенокафеава и антрацит
Примена За обликување почетокот и крајот на слемето кај завршни ќерамиди
Тежина: 0,2 кг/пар.
Потрошувачка: 1 пар./почеток (крај) слеме
Завршна слемена плочка - мала

Универзална преграда за капаци за успешен краен резултат кој прави добрар изглед на секое слеме. Од PVC отпорно на UV зраци . Бојата е соодветна на ќерамидите. Лесна монтажа. 

Таа го оформува почетокот и крајот на слемето помеѓу капакот и завршните ќерамиди и претставува заштитно средство против навлегувањето на птици како и дополнителен вентилационен отвор. Се прицврстува со клинец или завртка за челото на слемено-гребената летва.

 

Завршна слемена плочка - мала - Технички карактеристики:
Материјал: Цврсто PVC
Бои: Црвена, црвенокафеава и антрацит
Примена: За обликување почетокот и крајот на слемето со завршни ќерамиди
Тежина: 0,1 кг/пар.
Потрошувачка: 1 пар./почеток (крај) слеме
Сува монтажа на слеме и грбина - MetallRoll

Многу висока заштита од дожд и снег благодарение на дополнителната бслемено-гребена летва. Со странични алуминиумски ленти со патентиран метод CrepTec. Нема аналоген производ на македонскиот пазар. Страничните ленти се со околу 50% разтегливост + UV отпорност. Достапен е во 3 бои - црвена, кафеава и црна. 

Претставува погоден за сите модели, универзален материјал за сува монтажа на капаците кај слемиња и грбини за сите профили на ќерамиди. Производот поседува врвен квалитет за вентилација и нуди висока заштита против навлегувањето на пороен дожд, снег, прашина и инсекти. Производствената технологија Crep Tec гарантира неговиот висок квалитет. Погоден за Атика Антик и Атика Протектор.

Технички карактеристики:
Материјал: Страничните ленти се отпорни на атмосферски влијанија и UV-зраци, лакирана алуминиумска полиестер фолија, вентилациони ленти од полипропилен, средна лента од полипропилен и самолепиливи ленти од бутил.
Бои: Црвена, кафеава и антрацит
Примена: За сите модели ќерамиди
Големина: Ролна со должина 5м, ширина 28-32 см
Пресек за вентилација: 
Прибл. 230 см²/должни м. (двострано)
Потрошувачка: 1 ролна на 5 должни м. слеме или грбина
Сува монтажа на слеме и грбина - FigaRoll Plus

Одличните вентилациони квалитети на Figaroll Plus нудат уште подобра заштита за подпокривната конструкција на покривот. Иновативната мрежа со двострани вентилациони канали обезбедува идеална вентилација, а ширината е од 280 мм до 320 мм што овозможува лесно обликување и идеална примена за речиси сите видови на ќерамиди. Нема аналоген производ на македонскиот пазар. Одговара и за ќерамидите Атика и Атика протектор. 

Универзален производ за сува монтажа на капаци кај слемињ и грбини за сите модели на ќерамидите Брамак. Модерна производствена технологија, комбинирана од добро запечатување и квалитетно проветрување на воздухот преку отворите во средишниот дел на материјалот. Средната лента го олеснува правилното поставување. 

Технички карактеристики:
Материјал: Странични ленти од обоен алуминиум, овозможувајќи над 50% растегливост на материјалот. Внатрешен дел од црн полипропилен со нова техника на вентилација преку двојни вентилациони отвори. Тие не дозволуваат навлегување на вода и поседуваат UV-отпорност. Средната лента е од полипропилен. Лепењето за ќерамидите е со самолепливи ленти од буитл.
Бои: Црвена, кафеава и антрацит
Примена: За сите модели на Брамак ќерамиди
Големина: Ролна со должина 5м, ширина 28-32 см
Пресек за вентилација: Прибл. 150 см²/должен м. (двострано)
Потрошувачка: 1 ролна на 5 должни м. слеме
Отпорност на пожар: Класа Е
Минимален наклон на покривот:
15°
EcoRoll

Најекономично решение за сува монтажа на слеме и грбина. Не се препорачува за моделите на Атика. Двостраните странични ленти со алуминиумска завршница се со 30% разтегливост + UV заштита. Пресекот за вентилација е = 143 см2/м. 

Универзален производ за сува монтажа на капаци кај слеме и грбина, погоден за сите модели со низок профил на ќерамида Брамак. Не е погодна за Атика Антик и Атика Протектор. 

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Странични ленти од обоен алуминиум. Внатрешен дел од повеќеслоен полипропилен со отвори Ф3 мм и самолепливи ленти од бутил.
Бои: Црвена, кафеава и антрацит
Примена: За сите профили и модели на ќерамиди, без Атика
Големина: Ролна со должина 5 м, ширина 32 см
Пресек за вентилација:
Околу 150 см²/должен метар (двострано)
Потрошувачка: 1 ролна/5 должни м. слеме
Декоративен петел

Декортивен петел - традиционална декорација за покривот, се смета за симбол на будноста. Тој чува куќата и тие што живеат во неа од оган, громови и од подметнување на пожар. Петелот се монтира на капакот со посебен комплет за прицврстување, се состои од шина, специјален држач за капак, завртки, пломба, упрачка со навој и навртка. Се препорачува монтажа на вториот или третиот капак.

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Полимерцемент
Бои: Црвена, антрацит
Модел: За стандарден капак. Основата е обликувана по профилот на капакот.
Висина: 50 см
Ширина: 18 см
Должина: 34 см
Тежина: 7,5 кг/пар.
Универзален држач за слемено-гребени летви

Дел од системот за сува монтажа. Се користи во комбинација со еден од материјалите за сува монтажа. Се применува за сигурно прицврстување на летвите кон слемето и грбината. Брза, беспроблемна и сигурна инсталација. Индивидуално прилагодување на висината. 

Универзалниот држач за слемено-гребени летви поседува двојна функција: преку горниот дел кој се врти можат да се стават во една оска, како летви за слеме, така и за грбина. Монтажата е едноставна. 

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Поцинкуван лим
Примена: За сите модели ќерамиди
Тежина: 0,11 кг/пар.
Потрошувачка слеме:
Потрошувачка грбина:
1 пар./ребро (контралетва);
1 пар./0,6 м. слеме