Се за покривот од А до Ш

Ували



Компонента од типот ЗАШТИТА - Се користи како сврзувачки елемент помеѓу две покривни површини.

  • Алуминиумска увала е погодна за малоформатни покривни материјали. Се користи при наклон не помал од 15 степени на увалата. Атмосферски одржлива, бидејќи е од висококвалитетен алуминиум. Двострано применлива, едната страна е во црвена боја, а другата во темно кафеава. Неопходна е како сврзувачки елемент помеѓу две покривни површини, заштитува од навлегување на вода меѓу две покривни површини.
  • Profilo S - метална увала со специјален заштитен слој и сигурен профил. Нејзините предности во однос на алуминиумската улвала се, директната монтажа врз летвите на покривот и не е потребно да се зајакне подлогата како кај алуминиумската увала. Тука исто така не се потребни и дополнителни елементи за прицврстување.
Алуминиумска увала

Таа е направена од висококачествен алуминиум. Се користи од двете страни во зависност од бојата на ќерамидите. Преку однапред исцртани линии можно нејзино поставување директно на покривот. 

Прицврстувањето врз летвите или даскената опшивка е со држачи. При "самар" на покривни капаци самолепливиот материјал служи за безбедна врска помеѓу двете ували кои се сретнуваат, и го дава завршниот изглед на деталот.

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Висококвалитетен алуминиум, обоен со систем за бојадисување во прав, од едната страна - црвен, од другата - кафеава (двострано употреблив).
Примена: За сите модели ќерамиди Брамак
Должина на елементот: 160 см (10 см за преклопување на следниот лист)
Ширина:  50 см
Тежина: 1,5 кг
Потрошувачка: 1 пар. / 1,5 должен м. увала
Држач за алуминиумска увала

Технички карактеристики:
Материјал:
високо квалитетен алуминиум, бојадисан
Боja: црвена
Примена: за прицврстување на алуминиумска увала
Потрошувачка: 6 пар./увала
Самолеплив материјал за врска на алуминиумски ували

Технички карактеристики:
Материјал:
високо квалитетен алуминиум, бојадисан
Боја: црвена
Примена: за прицврстување на алуминиумска увала
Дoлжина: 100 см
Ширина: oколу 14 см
Тежина: oколу 0,42 кг/пар.
Потрошувачка: 1 пар./“самар“
Profilo S

Профилирата увала е изработена од поцинкуван лим - бојадисан со дебелина 0,6 мм. Поседува 5 надолжни брановидни канали од двете страни, кои ја зголемуваат нејзината цврстина и го ограничуваат навлегувањето на вода во зоната на преклопот со ќерамиди.

Не е потребна дополнителна изведба на обшивка или носечка конструкција под увалата. Од двете страни по целата должина уваката има отвори низ кои може да се прицврсти врз летвите. Максималното растојание помеѓу клинците за прицврстување е 50 см.

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Висококачествен поцинкован лим, обоен со систем за бојасување во прав за сите модели на ќерамиди Брамак
Бои: Црвена - RAL 8004, кафеав - RAL 8017
Должина: 210 см
Ширина:  46 см
Дебелина: 0,6 мм
Тежина: 4,5 кг
Припокривање: При наклон од 15° до 22° - 15 см, над 22° - 10 см
Потрошувачка 1 парче / 2,0 должни м. увала
Адаптер за Profilo S

Се користи како премин од метална увала Profilo S кон површината на покривот при баџи каде увалата не стигнува до стреата. Адаптерот е изработен од алуминиумски лим кој може лесно да се оформува профилот на ќерамидите.

 

 

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Висококачествен алуминиум, обоен со систем за бојасување во прав
Бои: Црвена - RAL 8004, кафеава - RAL 8017
Применае: За сите модели на ќерамиди Брамак
Големина:  Вкупна должина 64 см, од кои 15 за препокривање со Profilo S, ширина 50см
Тежина: 0,5 кг
Дебелина: 0,7 мм
Лента за пломбирање на ували

Импрегнирана дунапренова лента за сите модели керамиди, служи како врска помеѓу ќерамидите и увалата. Таа штити од навлегување на снег и прашина во подпокривниот простор во зоната на преклоп на ќерамидите со увалата.

 

 

 

 

Технички карактеристики:
Материал:
самолеплив импрегниран полиуретан дунапрен
Боjа: црна
Големина: 3/6 см, должина 100 см
Примена: се прицврстува во зоната меѓу увалата и ќерамидите
Разход: 2 парчиња / 1 должен м. увала
Држач за прицврстување на сечени ќерамиди

Со помош на овој држач можат да се фиксираат брзо и сигурно сите сечени керамиди во областа на грбината и увалата без да се дупчат. Погодна за сите модели на Брамак керамиди.

 

 

 

 

Технички карактеристики:
Материјал: Високо квалитетен нерѓосувачки челик и нерѓосувачка жица
Должина: 3 см
Ширина: 1,8 см
Должина на жицата: Околу 40 см
Потрошувачка: 1 парче на сечена керемида
Примена:  За сите покривни материјали со дебелина од 8 до 16 мм