Се за покривот од А до Ш

Список за вашиот проект

Припрема за покривање на покровот

Пред да започнување на работа проверете: ако одговорот е „ДА“

  • Ако височината на стреата е повеќе од 3 м? – Треба да има осигурување од паѓање од покривот со : сигурносни јажиња, скеле со заштитни мрежи и заштитни отвори во покривот.
  • Дали покривоте пострмен од 22º? – Можно еприцврстување на ќерамидите директно врз летвите (без да се прави подпокрив), ако не е за живеење.
  • Дали ќе се реконструира подкровјето за живеење? – Неопходен е подпокрив
  • Дали ннаклонот на покривот е помал од 22º? -  Неопходен е подпокрив
  • Дали треба да се обезбеди заштита од прашина и снег? - Неопходен е подпокрив со или без дакена оплата
  • Наопходна ли е заштита од свлекување на снежни маси? – Бројот на снегобран ќерамиди зависи од наклонот на покривот, нормите за оптоварување и градежните параметри.
  • Потребна ли е заштита од бури? – Контурите на покривната вода и прицврстувањето по површината треба да одговараат на БДС EN 1991-1-4 ?
  • Дали конструкцијата може да гарантира функционален ладен покрив? – Да се предвидат влезни и излезни отвори за вентилација на просторот на подпокривот.
Пример за начинот на работа при монтирање на покривниот систем на Брамак

Ќерамидите се поставуваат после изработката на дрвената конструкција со или без даскена оплата.

За правилна и безпроблемна работа, Ви ја прпорачуваме следната етапност во работата:

Создавање на природна вентилација

Ако даскената оплата е изработена од OSB или хидрофобна иверица, треба да биде прекината на околу 10 см пред слемето. Врз контралетвите треба да се стави на должен метар ивица од фолија, која да го покрива отворот во даскената оплата најмалку 10 см и да го заштитува од евентуално проникнување на вода.

 

Во просторот помеѓу ѕидот и даскената оплата треба да се постави вертикален отвор со димензии од 3 до 10 см, во кој ќе биде поставена мрежа за вентилација против проникнување на птици и инсекти. Преку тој отвор ќе влегува воздух, кој ќе излегува во областа на слемето. На овој начин се создава втора дополнителна вентилациона рамнина под OSB или хидрофобната иверица, бидејќи тоа се материали кои не пропуштаат пареа.

Изработување и оформување на стреата

Ако стреата не е однапред зададена, можете да си одберете од примерните, кои ги предлагаме овде, или да изградите таква стреа , која би одговарала на вашите потреби. При изградбата на стреата треба да се земе во предвид големината на челната даска  и нејзиното позициониране вертикално во однос на даскената оплата. Кога има пропуштање на контралетвите и поставување на фолијата кон олукот, нивото на челната даска  (со/без комбиниран елемент за вентилирање ) во однос на даскената оплата треба да е 2 см повисоко од нивото на летвите, за да има еднаков наклон за сите родови ќерамиди.

Монтирање на систем за одводнување

Се поставуваат држачите за олуците. Пред монтирањето на самите олуци, треба да се монтира мрежата за вентилирање, ако е предвидена. Оваа операција би можела да биде направена и отпосле во зависност од системот за одводнување.

Поставување на покривна фолија

Монтирање на контралетвите - Се ставаат задолжително под носечките летви и се фиксираат со шајки или шрафови на максимум 50 см.

Монтирање на носечките летви  - Се поставуваат летвите за првиот ред ќерамиди на стреата и последната летва пред слемето. Се пресметува разстојанието од Горен до Горен Раб на Летвите (РГГРЛ) и се монтираат. Секогаш да се има во предвид наклонот на покривот и минималниот преклоп на ќерамидите. За да бидат поставени летвите под права линија користете конец.

Монтирање на увала и опшивка од лим – Се поставуваат увалите, ламарини за страничното оформување на покривот и соодветните аксесоари за нив, ако ги има предвидено за покривот.

Монтирање на елементи на стреата – Се поставува комбиниран елемент за вентилација или мрежа за вентилација со заштитна решетка против птици, во зависност од одбраниот детал. Најлесно, брзо и правилно се монтира комбиниран елемент за вентилирање и решетка против птици, откако претходно ќе биде маркирана линија со конец по надворешниот раб на челната даска. По оваа линија се поставува надворешниот раб на комбинираниот елемент или решетката против птици и преку 20-25 см се зацврстува со шрафови или шајки со широки глави кон челната даска. Може да видите на детали на стреата.

Исцртување на водите на кпокривот и редење на ќерамидите -  Се одредува прав агол спрема стреата, се исцртуваат покривните води преку 90 см и се редат ќерамидите. Истите се сечат по увалата и грбината. Препорачливо е сечењето да не е на покривот. Сечените ќерамиди се зприцврстуваат во областа на увалата.

Пресметување на нивото на летвата на слемето и суво монтирање на капаците по слемето и грбините. Монтирање на роговите и летвата на слемето. Прицврстување на сите сечени ќерамиди по грбините. Монтирање на материалите за сува монтажа и на капаците по слемето и грбините. Ќерамидите треба да бидат суви и исчистени од прашина пред да се залепи метаријалот.

Опшивки со вакафлекс или Изифлеш на оџаците и ѕидовите

Монтирање на дополнителни елементи и аксесоари, ако има предвидено такви:

  • Снегобран решетка
  • Покривен прозорец
  • Цевка за вентилација Дуровент
  • Други аксесораи за покривот, ако се превидени. Монтирањето може да се изврши пред сувото монтирање на капаците и опшивките.

Финално чистење и испорака на покривот. Добрата изведба на покривот ја гарантира неговата добра визија и долговечност, кое нормално ќе се одрази на подоброто плаќање од страна на клиентот кон градежникот.