Се за покривот од А до Ш

Како се одредува ширината на конструкцијата?

Подготовка на конструкцијата пред редење на ќерамидите

Завршните ќерамиди се леви и десни со можност за преклопување од 11см. Тоа значи дека Растојанието од Горен до Горен раб на летва (РГГРЛ) треба да е над 31см. На завршната ќерамида има два отвора за прицврстување со завртки или клинци кон летвите. При користење на завршни ќерамиди должината на слемето, односно стреата, мерено од надворешен до надворешен раб на челната даска, мора да се дели на 15 или 30 см и од овој износ се одзема 5см. пример:

20 ќерамиди х 30см = 600см - 5см = 595см е ширина на конструкцијата. Ако е потребно користење на половинки ќерамиди(1/2), тие се ставаат од вториот ред натаму во вертикална колона од стреата до сртот.

Ако косата стреа не е под прав агол (90º) спрема стреата, употребата на завршни ќерамиди е невозможно. Во случај да НЕ се користи завршна ќерамида, ширината на конструкцијата може да е произволна. Ако сакаме да го избегнеме сечењето на ќерамиди, тогаш покривната ширина треба да се множи на 30 или 15см + 3см. Пример: во горниот случај покривната ширина е 20 ќерамиди х 30см = 600 см + 3см = 603 см

Благодарение на поголемиот формат (само 10 керамиди / m²) и прецизни димензии ќерамидите Брамак се редат брзо и едноставно. Тие се редат секогаш во колони од стреата кон слемето.

Преклопување и РГГР на летва при употреба на завршни ќерамиди

Завршната ќерамида има зона за преклоп долга 11см / Затоа во зависност од наклонот на покривот РГГРЛ треба да е од 31 до 34 см.

Расцртување на покривот пред поставување на ќерамидите

Пред поставувањето на ќерамидите се врши вертикално расцртување со шлагшнур (конец за маркирање), што е добра основа за правилно, беспрекорно и добро покривно покривање. Тоа треба да е под прав агол (90º) спрема стреата.

< претходен: Општа информација за покривниот материјал
следна > : Како се одредува прав агол во однос на стреата?