Се за покривот од А до Ш

Како се одредува прав агол во однос на стреата?

Со помош на летва долга приближно 2,5 - 3м, која се користи како шестар се определува прав агол во однос на стреата. Тоа се прави на следниов начин:

Се наоѓа средината на летвата од првиот ред на ќерамиди на стреата и се расцртува надолжно со означување конец/шлагшнур. Се обележуваат се 3 белези на 90см (= 3 реда керамиди). Летвата, која ја користиме како шестар се заковува во пресекот на едниот надворешен белег и оската на летвата. Во горниот крај на летвата се кове втора шајка, со која се црта лак врз слемето кај од горенаведените летви за ќерамиди. Летвата-шестар се отковува и се заковува во пресекот на другиот надворешен белег и оската на влогот. По што се црта втор лак. Пресекот на двата лака се поврзува со средниот белег. Тоа е прав агол во однос на летвата за првиот ред на ќерамиди, те. стреата. Ако белезите не се сечат горната шајка се преместува нагоре или надолу по летвата-шестар и операцијата се повторува.

Главната предност на методот - еден човек може да утврди прав агол.

За одредување на прав агол може да се користи и популарното правило 3, 4, 5.

< претходен: Како се одредува ширината на конструкцијата?
следна > : Како се редат ќерамидите?