Се за покривот од А до Ш

Како се расцртува решетката од летви?

Се започнува од десно кон лево. Ако се користат завршни ќерамиди, дефинирањето на прав агол и расцртувањето започнува од 29 см. На овој белег се лпоставува работ на водниот фалц на десната завршна ќерамида. Од него лево на 90см (еднакво на 3 реда ќерамиди) се расцртува летвата на стреата, на која се поставува првиот ред ќерамиди. Спрема правиот агол на ист начин на 90см се расцртува и најгорната летва (до сртот), на која се поставува последниот ред ќерамиди кај слемето. Освен тоа треба да се провери, дали кај слемето крајното растојание е 29 см, односно дали косата стреа е нормална на стреата. Со тоа со пмош на шлагшнур (означен конец) се поврзуваат соодветните белези и се расцртува летвената решетка по целата површина на покривот. По идентичен начин однапред се расцртуваат сите покриви. При редење водниот фалц на секоја трета ќерамида треба да се совпаѓа со претходно означениот белег од шлагшнурот. Фугите помеѓу трите ќерамиди се распределуваат рамномерно. Расцртувањето помага за правилното редење на ќерамидите и е контрола со кој се оневозможува изобличувањето на редови од стреата кон сртот. На овој начин се спречува и нивното густо редење (пренабивање). "Добро расцртаниот покрив е половина направен."

По расцртувањето на двоводниот покрив со завршни ќерамиди накрај остануваат 26 см, кои се за последната завршна лева ќерамида.

Заелешка: При потреба покривот може да се расцрта од лево кон десно, икако ќерамидите се редат секогаш од десно кон лево.

< претходен: Како се редат ќерамидите?
следна > : Кои се предностите на однапред исцртаната решетка од летви?