Се за покривот од А до Ш

Кои се предностите на однапред исцртаната решетка од летви?

Од искуство е докажано дека однапред прецизното исцртување, кое што многу често се смета за губење на време, ги има следните безспорни и големи предности:

  • Редовите секогаш се прави од стреата до слемето, кое што создава многу добра визија на покривот;
  • Ако покривот не е однапред исцртан, многу често редовите се изкривуваат при редење на ќерамидите, кое што пак води до дополнителна работа за исправање и соодветно до загуба на скапоцено време;
  • Се избегнува многу збиеното редење на ќерамидите, кое што може да придонесе за кршење на аглите на ќерамидите при поголем товар од снег или движење по покривот;
  • Кај покриви со поголема површина, како и со подолга стреа, ќерамидите може да се редат во исто време од неколку луѓе, со кое што се штеди на време. На овој начин се зголемува продуктивноста на трудот, кое пак би довело до повисоки плати.

„Добро исцртаниот покрив е половина направен!“

 

 

 

< претходен: Како се расцртува решетката од летви?
следна > : Важни инструкции за покривната конструкција