Се за покривот од А до Ш

Важни инструкции за покривната конструкција

Разстојание од Горен до Горен Раб на Летвите (РГГРЛ) и преклоп на пластовите од подпокривната фолија

За сите модели на Брамак ќерамидите важи следното:

  • Наклон на покривот од 15º до 17º – поткровје со зголемена сигурност (од 27 % до 30,5%). Максимално РГГРЛ 31,5 см. Обавезно изградување на поткровјето со кровна фолија чии пластови се со преклоп од 15 см и се залепени со двострано самолеплива лента или фолија Брамак УНИ ЕКО 2С (фолија со две самолепливи ленти).
  • Кровен нагиб од 17º до 22º (од 30,5% до 40%). Максимално РГГРЛ 31,5 см. Обавезно изградување на поткровјето со кровна фолија, каде што пластовите се преклопуваат најмалку 15 см.
  • Кровен нагиб од 22º до 25º (од 40% до 47%). Максимално РГГРЛ 31,5 см. Поткровје кое не е за живеење (летвите се коват директно врз кадроните). Поткровје за живеење – се гради со кровна фолија чии што пластови се преклопуваат најмалку по 10 см.
  • Кровен нагиб од 25º до 30º (47% до 58%). Максимално РГГРЛ 33 см. Поткровје кое не е за живеење (летвите се коват директно врз кадроните).  Поткровје за живеење се гради со кровна фолија чии што пластови се преклопуваат најмалку по 10 см.
  • Кровен нагиб над 30º (над 58%). Максимално РГГРЛ 34 см. Поткровје кое не е за живеење (летвите се коват директно врз кадроните).  Поткровје за живеење се гради со кровна фолија чии што пластови се преклопуваат најмалку по 10 см.

 

Преклоп на РГГРЛ при употреба на завршни ќерамиди

Завршната керамида има зона за преклоп долга 11 см. Затоа во зависност од нагибот на кровот РГГРЛ треба да биде од 31 см до 34 см.

< претходен: Кои се предностите на однапред исцртаната решетка од летви?
следна > : Како да се постигне добра вентилација (довод и одвод на воздух под керамидите)?