Се за покривот од А до Ш

Како треба да се прицврстуваат ќерамидите?

Обавезно се прицврстуваат сите рабови на секоја од кровните води со шрафови, држачи за ќерамиди или држачи за прицврстување на сечени ќерамиди: стреа, калкан, слеме, грбина и увала, како и околу сите отвори на покровот.

Покровен наклон над 45º (на територии со невреме) – секоја втора или трета ќерамида на секој ред треба да се зацврсти за летвата со шраф, шајка или држач за зацврстување на ќерамиди (наизменичнопо целата површина на кровот).

Покровен наклон над 60º - секоја ќерамида треба да се зацврсти за летвата.

Покровен наклон и дополнителни мерки

Неопходно е да се предвидат особени мерки при проектирање и изведување на покровови кога има високи побарувања во зависност од особеностите на градежниот терен, видот на покровната конструкција – дали би имало поткровје за живеење или не, намената на објектот, како и видот на самиот кров – дали би бил пострмен или не. Станува збор за избор на додатно зацврстување на ќерамидите , изведба на поткровје со или без дакена оплата и покривна фолија со марката Брамак. Контралетвите да бидат најмалку 50х50. Како додатна мерка против проникнување на снег препорачуваме изградба на поткровје без даскена оплата.

< претходен: Како да се постигне добра вентилација (довод и одвод на воздух под керамидите)?
следна > : Важна информација за мерките / димензиите на летвите