Се за покривот од А до Ш

Важна информација за мерките / димензиите на летвите

Димензиите на летвите се во зависност од осното растојание меѓу контралетвите. Во согласност со нормата (ONORM B 7219) минималните димензии се 30/50 мм до 80 см осно растојание помеѓу контралетвите. При растојанија помеѓу контралетвите од 80 см до 100 см, треба да се користат летви со димензии 50/50 мм, а при поголеми од 100 см, мора да се приложи статистичко димензионирање. Во таблицата подолу е прикажана сопствената тежина на ќерамидите во зависност од нивното преклопување и моделот.

За поточно одредување на димензиите на летвите треба да се пресмета општиот товар – сопствената тежина на керамидите + товар од снегот + притисок од ветер и се предвидуваад осните растојанија помеѓу контралетвите.

Сопствената тежина на ќерамидите без летвите на м² во зависност од преклопот.

Преклоп на ќерамидите во смАтикаДунавКласик, Класик ПротекторНатура, Икономик
8,0 0,46 0,43 0,42 0,42
8,5 0,47 0,44 0,43 0,43
9,0 0,47 0,44 0,44 0,44
9,5 0,48 0,45 0,44 0,44
10,0 0,49 0,46 0,45 0,45
10,5 0,50 0,47 0,46 0,46

 

Помошни дијаграми при избор на соодветни димензии на летвите кај различни кровни нагиби

…покривен наколн >15º < 30º (>27% < 58 %)
(за ќерамиди Атика, Дунав, Класик, Натура и Спектра)

…покривен наклон >30º  (>58 %)
(за ќерамиди Атика, Дунав, Класик, Натура и Спектра)

 

< претходен: Како треба да се прицврстуваат ќерамидите?
следна > : Шема за поставување на снегобран ќерамидите за сите модели на Брамак ќерамидите