Се за покривот од А до Ш

Кој покрив е ладен и вентилиран?

Што е ладен покрив?

  • Покрив со температура на покривниот материјал, блиску до онаа на околната средина во сите сезони на годината.

Како се гради ладен покрив?

  • Со создавање на природна вентилација под ќерамидите (покривна покриеност)

Како се постигнува природна вентилација?

  • Со создавање на доволно простор помеѓу покривниот материјал и даскената обшивка, за да може воздухот да циркулира на природен начин од стреата кон сртот.
  • Кај ненаселени покриви без даскена обшивка се обезбедуваат отвори за пристап на воздух меѓу покривот и ѕидовите на ојектот и отвори во областа на сртот за циркулација на воздухот.

Како се обезбедува доволно простор за да има природна вентилација?

  • Преку изведба на двојна решетка од контралетви и летви. Воздухот се движи во просторот, обезбеден од висината на контралетвата. Затоа е исклучително важно самата контралетва да ја има потребната висина. Таа зависи од наклонот на покривот и од должината на растојанието од стреата до сртот.
  • Неопходно е исто така да се обезбедат отвори низ кои ќе навлегува воздухот кај стреата и такви, од кои че излегува во зоната на сртот и околу него.

Кои се придобивките од изградбата на студен, вентилиран покрив?

  • Во лето греењето на сонцето е многу силно. Проветрувањето под ќерамидите ги лади, на тој начин се намалува размената на топлина кон подпокривниот простор. Разликата се чувствува најмногу кога постои подкровје, во кое се живее.
  • Во зима топлината се движи секогаш одоздола нагоре. Без разлика на тоа колку добро е изолиран таванот, секогаш има губење на топлина. При недостаток на вентилација топлината од објектот го топи снегот кај контактот со ќерамидите. Така се добива водена перница и снегот се лизга, и се заглавува во олуците или паѓа преку нив надолу, создавајќи опасност од повреди на луѓе или нанесување на материјална штета. Задржаниот снег кај стреата доведува до формирање на мразулци. Проветрувањето и правилното задржување на снегот обезбедуваат постојано останување на снегот на покривот. При сончевото греење снегот се топи површински и истекува во олуците.
  • Проветрувањето ја одржува оптималната влажност на дрвениот материјал од конструкцијата и му го продолжува живот, а со тоа и животот на покривот.
  • При живеење во една зграда секогаш се испуштаат водени пареи - од готвењето, од бањата, дури и од дишењето на луѓето итн. Тие треба да се разнесуваат во атмосферата и да се одржуваат во нормални граници. Нивното зголемување доведува до формирање на кондензација, поради што се создава мувла. Ова води до влошување на микроклимата и условите на живот во зградата. Дури и при проветрување има заостаната влага, која се впива во ѕидовите. Преку природната вентилација меѓу ќерамидите и даскената обшивка се отстранува делот од влагата, кој навлегол во покривната конструкција и топлинската изолација.
  • При течење преку покривната покриеност, без разлика каква е причината за тоа (скршена ќерамида од паднато дрво или предмет, или поместена ќерамида од невреме) двојната решетка обезбедува непречено истекување на навлезналата вода кон стреата и го штити подпокривниот простор од штета.

Тука наведените предности ја наметнуваат изградбата на ладен вентилиран подпокрив.

< претходен: Која е разликата помеѓу ладниот и топлиот покрив?
следна > : Оптовареност на покривот