Се за покривот од А до Ш

Што всушност е снегобран системот?

На местото на снегобран ќерамидите на вториот ред од стреата се монтира снегобран решетка. Шемата прикажана подолу би можела да се користи на места каде што градежните нормативи предвидуваат елементи против свлекување на снег и мраз, како на пример над влезови на стамбени згради, административни згради, постојки на градскиот сообраќај и др. Кај кпокривите со поширока стреа се препорачува снегобран решетката да биде монтирана над фасадниот ѕид. Снегобран системот е составен од ќерамида-основа, држач за снегобран решетката, снегобран решетка и спојувалка /од српски спајалица/.

Како се монтира снегобран системот?

Летвите треба да се заковаат дополнително кон контра летвите со шајки или штрафови. Ќерамидата-основа се поставува на контра летвата, каде што претходно е избушен отвор Ǿ3мм и се прицврстува кон летвата со два штрафа, кои ги има во комплетот. Максималното осовинско разстојание помеѓу керамидите е 920 мм. Држачот се поставува додека да кликне. Се дополнуваат половинки и цели ќерамиди до следната контра летва.

Предности:

  • Целосен снегобран систем
  • Не се прекинува целината на покривот
  • Снегобран системот го има во истите бои како ќерамидите
  • Брза и лесна монтажа

< претходен: Шема за поставување на снегобран ќерамидите за сите модели на Брамак ќерамидите
следна > : Како да ја заштитиме стреата од снег?