Се за покривот од А до Ш

Стручни совети од Брамак

Безбедност при работа: За сите видови дејности на покривот важат законите и правилниците за безбедност при работа.

Движење по покривот. Брамак ќерамидите се соодветни за сите видови побарувања за движење по покривот. Тие ја имаат неопходната цврстина, но газењето треба секогаш да биде по средината на ќерамидата, бидејќи е можно кршење на аглите. Вентилационите и снегобран ќерамиди не треба да се користат како помошни средства за одење по покривот.

Структура на површината: Има опасност од свлекување или лизгање:  мазните површини, особено кога се мокри се многу лизгави.

Мокро сечење: Се препорачуваат машини за сечење со дијамантен диск. Со нив се работи побрзо, без да има прашина. За да нема создавање на флрки, сечените ќерамиди треба да измијат со вода. Прашината од сечењето, која паѓа врз мокрите површини би требало да биде секогаш отстранета.

Суво сечење:  Единствено со уред за собирање на прашина.

Депонирање на отпадоците после работа: Отпадоците од ќерамидите на градежниот објект се градежен шут и треба да бидат депонирани на соодветните места за тоа.

Мешање на ќерамидите и нивното поставување на покривот: Ќарамидите Атика Антик, Натура Плус и Спектра Економик треба да бидат мешани, од секои три палети, за постигнување на подобар визуелен ефект и за да се избегне појавата на нијансирање.

Заштита од бури и невреме: Прицврстувањето на ќерамидите за летвите на секоја од страните на покривот и задолжително (стреа, слеме, увала, грбина и калкан, како и околу сите отвори на кровот). Во зависност од нагибот на кровот се зацврстуваат на целата површина со шрафови или држачи за зацврстување на ќерамиди – особено во реони каде што има многу силен ветер.

Заштита од навејување на снег: Најдобро е да се направи подкровје со или без даскена оплата.

Заштита од свлекување на снежни маси: Правилното разпредлување на снегобран ќерамидите врз целосната кпокривна површина гарантира оптимална сигурност. Исто така се добива добра визија и естетика на покривот.

Проширување на подкровјето за живеење: Ако се прави реконструкција на подкровјето со намена за живеење, треба задолжително да има подпокрив.

Заштита од пожари: Ќерамидите се вклучени во категоријата огноотпорни градежни материјали, класа А1.

Подпокривна конструкција: Колку попрецизно и постабилно е изведена покривната конструкција (дрвена решетка од летви, даскенаоплата, носечка конструкција), толку полесно е прицврстувањето на ќерамидите со штрафови или шајки. Покривната конструкција треба да биде заштитена од проникнување на дождовна вода. Отвори како на пример, прозори, оџаци, вентилациони отвори, отвори за цевки и др. треба да се изолираат од проникнување на вода. Функцијата на ладниот вентилиран покрив треба да биде сочувана.

< претходен: Како да ја заштитиме стреата од снег?