Се за покривот од А до Ш

Вентилација на просторот помеѓу ќерамидите и даскената обшивка

Косите покриви се прават воглавно како ладни покриви. Ладниот покрив е двослоен со вентилација помеѓу двата слоја. Се разликуваат два типа студени покривни конструкции:

  • Ненаселен подпокривен спрат (со/без подпокрив, во зависност од наклонот на покривот)
  • Изграден тавански спрат (со подпокрив)

И во двата случаи под ќерамидите треба да се предвиди можност за вентилација, со отвори за влез и излез на проток на воздух. При изградба на тавански кат во кој не се живее е доволно да се изолира таванот ос страната на покривот. Во долниот дел на покривот откај стреата и во горниот дел кај слемето треба да се направат отвори за навлегување и излегување на воздухот. При покривни конструкции со фронтонски ѕидови создавањето на попречна вентилација е идеална опција (отвори во фронтонски ѕидови низ кои се остварува вентилација).

При изградба на тавански кат во кој се живее со подпокрив вентилацијата се остварува преку висината на контралетвите (мин. 5/5 см). Се остава и простор од мин.2 см помеѓу топлинската изолација и даскената обшивка за дополнителна вентилација.

Кај мал наклон на покривот и големи должини на ребрата потребни се повисоки контралетви (види ја таблицата кај делот за контралетвите).

< претходен: Оптовареност на покривот
следна > : Вентилациони отвори во областа на слемето