Се за покривот од А до Ш

Општа информација за покривниот материјал

Покривен материјал - систем Брамак

Стручното поставување на ќерамидите е најважниот предуслов за добро функционирање на покривот. Со користење на оригиналната покривна опрема Брамак за сува монтажа, облошки, отвори низ покривот и вентилација оптимално се зголемува функционалноста на кпокривот. При екстремни климатски услови треба да се преземат посебни мерки.

Ќерамидите Брамак се погодни за употреба во сите климатски зони и на секакви височини благодарение на одличниот квалитети.

Брамак квалитет - Основи на планирањето

Брамак обезбедува 30 години неограничена писмена гаранција на материјалот и отпор на мраз на сите ќерамиди Брамак. Ќерамидите Брамак се наградени за својот висок квалитет со многу награди, одговараат на норма БДС EN 490/491 и го носат знакот CE. Од 1999 година поседуваат знак за целосна согласност со природата и еколошки квалитет. (Фотографиите од страница 19)

Важечки правила и норми:
  • БДС EN490 -ќерамиди и специјални производи од бетон - барања за производот
  • БДС EN491 - ќерамиди и специјални производи од бетон - методи на испитување
  • ON REGEL 22219-2 - проектирање и изведба на покривни конструкции со/без досдаскена обшивка
  • ÖNORM B7219 - покривни работи - правила и норми
  • БДС EN1991 - 1- 3-NA - ЕВРОКОД 1- влијанија врз градежните конструкции. Дел 1-3: Основни влијанија. Оптоварување од снег
  • БДС EN1991-1-4-NA - NA - ЕВРОКОД 1- влијанија на градежните конструкции. Дел 1-4: Основни влијанија. Оптоварување од ветер.
< претходен: Топлотна изолација
следна > : Како се одредува ширината на конструкцијата?