Се за покривот од А до Ш

Се за покривниот систем Брамак

 

Брамак Покривни Системи е пазарен лидер во областа на косите покриви и компанија која на нашиот пазар нуди комплексен покривен систем од највисок квалитет. При разработката на сите производи се користат најсовремени методи и технологии. Нивното производство е под континуирана внатрешнофирмена контрола која ги надминува барањата на нормите кои треба да се исполнат. Користејки ги на нашите материјали, вие секогаш може да сметате на најдобрите производи за кос покрив понудени на нашиот пазар.

Наша основна цел е да информираме, едуцираме и промовираме квалитативната работа при изградба на покриви во Македонија.

Овде ќе најдете корисни информации за сите производи од покривниот систем Брамак, како и упатства и препораки за правилна монтажа на различните елементи. Почитувањето на истите е основа за нашата производна гаранција, која ќе го направи вашиот покривен систем безбеден и ќе ви заштеди време и средства.

Во современото градежништво драстично и брзо навлегуваат сложени планови и обемни решенија кои создаваат како проектантски тешкотии, така и проблеми за сигурна изведба на покривот. Се појавуваат сложени детали и места, кои претставуваат потенцијална опасност за навлегување на вода во покривот, а оттаму и во објектот. Овие детали и одделни случаи треба да бидат проектирани и имплементирани со претпазливост, со целосно разбирање на природата на процедурите и можните влијанија.

Проблемите кои можат да произлезат при еден неправилно изведен покривен систем би можеле да доведат до многу непредвидливи последици и трошоци за поправката и замената на материјали во целиот објект.