Се за покривот од А до Ш

Список за вашиот проект

 

Повеќето од луѓето се запознати со проблемот на покривите кои течат. Неговата делумна поправка изгледа како добра опција, но не секогаш може да биде успешна за подолг временски период. Подолу се наведени некои од работите што можете да ги проверите:

• Започнете од внатрешните делови на куќата и видете од каде доаѓа водата. Ако е околу даден прозорец или на 2 ѕида кое се соединуваат, тогаш тоа може да е проблем со увалата и во овој случај е можна обична поправка на покривот.

• Дали некој скоро се има качено на покривот? На пример за поставување на телевизиска антена. Ќерамидите на покривот треба да се третираат како лесно кршливи и токму поради тоа скала или скеле ќе е потребно за секој изведувач. Искршените ќерамиди предизвикуваат протекување – и во овој случај мала поправка на покривот ќе го реши проблемот.

• Понекогаш влагата во подпокривниот простор прераснува во кондензација, предизвикана од неправилната вентилација. Тоа се среќава најчесто кај новите куќи и може да биде решено со правење на добра вентилација во меѓупокривниот простор - тука нема да мора да го заменувате покривот. Кондензацијата се создава само при студено време - па ако имате постојана влага, тоа не е одговорот.

• Дали ви фалат ќерамиди на покривот? Ќерамидите не смеат да паѓаат од покривот. Ако видите дека тоа се случува, тогаш највероватно проблемот е во нивното прицврстување. Најлесно може да паднат ќерамидите од периферијата на покривот - на рабовите, во горниот дел и стреите. Ако има паднати ќерамиди, тоа укажува на проблем со прицврстувањето на покривот и може да треба да го препокривате.

• Има ли многу мов или мувла во горниот дел на покривот? Можно е ќерамидите да се разместени од мовта и затоа водата да навлегува навнатре. Во овој случај, поправка на покривот се сведува на хемијски третман, со цел уништување на мовта - не се препорачува чистење под висок притисок, бидејќи ќерамидите може да се скршат или да пукнат.

• Гнил ли е подпокривниот слој? Овој подпокривен слој, заедно со ќерамидите, се најважни за еден покрив кој треба да штити од навлегување на вода. Ако подпокривната фолија има мала дупка, можете да ја залепете, но ако е протриена и изгниена ќе треба да ја смените. Односно тоа ќе доведе и до правење на нов покрив, бидејќи не е можно да ја смените само подпокривната фолија.

• Има ли паднат малтер од малтерисувањето на капаците? Постарите покриви користат малтер за подмачкување на слемето – но ако почне да се паѓа, тоа може да е индикација дека покривот е при крајот на својот живот. Поправките на покривот во оваа ситуација вклучуваат целосна замена на малтерот. Тоа е релативно едноставен процес, но скап, бидејќи ќе треба да користите скеле, а тоа често не е најевтиниот дел од проектот. Помодерните покриви имаат предност со сувата монтажа, за да се спречи овој проблем.