Се за покривот од А до Ш

Колку би чинела реконструкцијата на покривот?

Прифатено е вредноста на покривот да се мери во денари по квадратен метар. Логично е дека поголемиот покрив ќе е поскап. И тука е важно да се знае дали покривот е рамен или кос, бидејќи ако кај рамните покриви површината на зградата е еднаква на покривната површина, тогаш кај косите не е така. Поради тоа што има стреа и кровната површина е со наклон, една куќа со површина од 100 м² има покрив околу 140 м². Зграда со 300 м² површина има обично површина на покрив околу 400 м². За да се одговори на прашањето за цената на ремонт на покривот, би требало да се разјасни што точно и во какви количини ќе се прави. Важно е да се напомене дека ремонт на покривот не е годишното чистење на лисјата од олуците во есен, а уште помалку санација.

Ви препорачуваме да изнајмите компетентно лице архитект, градежен инженер или специјалист во областа на покривите што ќе го прегледа и снимаа покривот или да го нацрта, доколку не постојат цртежи, како што е вообичаено со старите покриви. Обично оваа услуга чини исто одредена сума, која можете да заштедите ако го изберете Брамак. Со Брамак ќе добиете бесплатна консултација, бесплатна посета на објектот и снимање, бесплатна квантитативна пресметка и многу други бесплатни услуги кои навистина ќе ви заштедат значителни средства, како и евентуални идни проблеми со новиот покрив.

< претходен: Колку ќе чини еден нов покрив?
следна > : Какво влијание има материјалот врз цената?