Се за покривот од А до Ш

Каква подпокривна фолија е најдобро да користиме?

Хидроизолацоната фолија е од суштинско значење издржливоста на покривот на атмосферски влијанија. Таа се поставува под ќерамидите. Кога дождот ќе навлезе под ќерамидите при силен ветер, подпокривната фолија ја лови водата и ја насочува кон олуците.

Старите подпокривни фолии имаат битумен во својот состав, што ги прави непропусни за вода и воздух, односно недифузиони. Меѓутоа фолиите со битумен во својот состав гнијат и се главна причина за протекувањето на старите покриви.

Современите материјали се изработуваат од полипропилен и се паропропусни (или "кои дишаат"). Тоа значи дека и овозможуваат на водената пареа да излезе од подпокривниот простор и од куќата, но не пропуштаат влагата да навлезе во спротивната насока.

Овие фолии не гнијат со тек на времето на ист начин како производите на битуменска основа. Треба да имате предвид дека дури да користите паропропусни поткривни фолии, сепак треба да се размислите за соодветна вентилација на подпокривниот простор - не можете да се потпрете исклучиво на фолијата за отстранување на влагата од подпокривниот простор.

< претходен: Која е улогата на ќерамидите?
следна > : Ќе влијае ли слабо одржуваниот покрив на цената на мојот дом?