Се за покривот од А до Ш

Како да ги намалиме трошоците за нов покрив?

Трошоците за нов покрив во голема мера зависат од големината на местата за замена и поправка на покривот.

Еве неколку совети од Брамак:

  • Ако можете, обидете се да ја сочувате структурата на покривот. Повеќето покриви треба да бидат заменети, бидејќи сврзувачките елементи на ќерамидата и водоотпорноста не се на доволно добро ниво. Сепак структурата под ќерамидите може да е здрава. Сочувувањето на конструкцијата ќе помогне да ги намалите и да ги контролирате трошоците.
  • Избор на ќерамиди: не сите ќерамиди се на иста цена. Можат да ви се допаднат различни видови, но ќе најдете дека постојат различни алтернативи, кои ќе доведат до намалување на вашата потрошувачка.
  • Штом ќе забележите проблем, отстранете го колку што е можно побрзо: Секое протекување или друг проблем води до дополнителни трошоци со тек на времето.
  • Не оставајте ништо за последната минута: ако забележите дека има проблем со вашиот покрив, најдобро што можете да направите е веднаш да се поврзете со фирмите за поправка во текот на неоптоварените летни месеци. Ако чекате до првите есенски бури, тие ќе бидат премногу зафатени со работа и ќе ви се наметне да најдете било кој мајстор или фирма, наместо да го избере најдобриот.

За монтажа на нов покрив ќе треба скеле, затоа обидете се да ги комбинирате работите за ремонт. Ако планирате да правите надворешно бојадисување или замена на прозорците на горните спратови, можете да го направите додека скелето е монтирано.

< претходен: Дали тежината на новите ќерамиди има влијание врз покривот?
следна > : Колку време треба да издржи покривот?