Се за покривот од А до Ш

Какво влијание има материјалот врз цената?

Видот на материјалот има сериозно влијание врз цената и тоа важи за сите елементи на покривот. Еве неколку примери со цени на ќерамиди. Битуменските ќерамиди, масовно се преферираат од луѓето поради навидум најповолната цена. Тие се по цена од 300 до 900 денари на квадратен метар. Керамичните ќерамиди најчесто чинат од 300 до 600 денари на квадратен метар, но ако се медитеран (турски), ќе ве чинат барем 1200. Има и увозни ќерамиди за познавачите, кои чинат од 40-60 евра по квадратен метар. Ако покривот ви е приближно 100 квадратни метри и ќерамидите чинат во продавница околу 500 ден./m², но не можете со 50.000 денари да си го покриете покривот, бидејќи е нормално да има загуба при сечење, кршење и др. Затоа е добро да издвои во конкретниот случај барем 54.000-56.000 денари за покривот или барем по 540 ден./m², само за да ги купите ќерамидите. Обично при купувањето на материјалите трговците нудат и транспортна услуга, бидејќи вообичаено ќерамидите се продаваат на палети со сериозна тежина и затоа е потребен кран за нивно истоварување. Понекогаш кон цената на материјалите се додаваат и трошоците за превоз, а понекогаш во цената трговците ја вклучуваат и оваа услуга. Работната рака за демонтажа и монтажа на покривот, исто така се вклучува во вкупната цена.

Дополнителни фактори што ја одредуваат цената на новиот кров

Освен од досега наведените, цената на покривите зависи и од други фактори. Важно значење има видот на покривот. Најевтин би бил едноводен покрив на еднокатна зграда, но колку е посложен еден покрив и колку повеќе ивици (слемиња, грбини и ували) има, толку е поскап, но и толку по недолготраен. Ивиците, од една страна, го праваат поскап покривот, а од друга страна тоа се слабите места, од кои тој би почнал да се уништува со тек на времето. Затоа е пожелно тие, како и секакви прорези на покривните материјали, да се избегнуваат доколку е тоа возможно. Истовремено е многу важно при присуство на рабови, нивната имплементација да е со висококвалитетни материјали и прецизна монтажа.

Видот на дрвениот материјал исто рефлектира сериозно врз цената на покривот. За изградба на дрвената покривна конструкција најчесто се користи иглолистен материјал. Добро е тој да е сув или барем засушен. Таков материјал чини околу 10.000 ден./м³. Но ако се користи надолжно или слоевито слепен иглолистен материјал, или пак масовен листопаден, тогаш цената за кубен метар изнесува 28.000-38.000 денари.

За да се изведе квалитетно и сигурно еден покрив, задолжително е користење на фасадно скеле. Цената за изнајмување на скелето, како и трудот за монтажата и демонтажата се пресметуваат во цената на кровот. Тоа нормално ја зголемува за околу 10%.

Локацијата на објектот влијае врз цената на покривот. Тешко и комплицирано се изведуваат покривни работи, а особено санирање, во централните делови на големите градови. Недостасува место за складирање на материјалите, отежнат е пристапот на возила, потенцијална опасност се пешаците, локалите и продавниците итн. Во таа смисла локацијата може да го поскапи покривот до 20%.

Суштинско значење за цената на покривот има видот на подпокривниот простор. Значително поскап е покривот со простор во кој се живее. Тоа претпоставува задолжително даскена обшивка, која при ненаселен покрив може да се избегне; посложена пароизолација и топлинска изолација; употребата на покривни прозорци и др.

< претходен: Колку би чинела реконструкцијата на покривот?
следна > : Улогата на термоизолацијата во цената на покривот?