Се за покривот од А до Ш

Улогата на термоизолацијата во цената на покривот?

Во цената на покривот битна улога има и видот и количината на термоизолацијата. Кај нас покрај климатските промени и поскапувањето на енергенсите се почесто се зборува за ефикасна термоизолација, за "енергетски ефикасна", "ниско енергетска" и "пасивна" куќа. За енергетски ефикасен, се прифаќа оној објект кој за греење троши до 7 литри нафта на квадратен метар годишно. Кај ниско енергетската овој трошок е 5, а кај пасивната само 3 литри нафта по квадратен метар годишно. Оваа висока ефикасност се постигнува со поголема дебелина на термоизолацијата. За споредба, ако македонските норми за проектирање дебелината на термоизолацијата на ѕидови е 5см, а на  покривот 15см, тоа кај пасивната куќа соодветно значи дебелина на топлотна изолација од 34см на ѕидовите односно 40см на покривот. По македонските норми 15см термоизолација на покривот е доволна. Но за да има во куќата заштеда на енергија, потребни се 24см изолација. За ниско енерггетска условот е 30см, а за пасивна - 40см дебелина на термоизолацијата. Јасно е дека подебела термоизолација значи повеќе пари и поскап покрив. Кај секој покрив обично се прават некакви компромиси од типот на тоа да се изберат поевтини ќерамиди, поевтина варијанта за системот за одводнување (олуци), поевтини обшивки. Ова е разбирливо, бидејќи секој бара поевтино решение «за моментот». Но не ви препорачуваме да штедите на квалитетот на избраните материјали за покривот, вклучувајќи ја и термоизолацијата.

Ако не сакате да давате пари за технички компетентни лица и да минувате низ долгиот пат за изработување на понуди за количински пресметки и спецификации, можете, макар и сосема грубо, да добиете идеја за цената на ремонтот на вашиот покрив, ако го како користите старото правило, дека вредноста на работната рака е обично иста на вредноста на материјалите. Едноставно помножете ја вредноста на материјалите по два.

< претходен: Какво влијание има материјалот врз цената?
следна > : Како да ги избегнам заблудите при пресметката на цената на покривот?