Се за покривот од А до Ш

Како да ги избегнам заблудите при пресметката на цената на покривот?

Ако сакате да сте подготвени за средбата со специјалистот добро е да знаете како да ја проверите потрошувачката на основните ќерамиди за покривот наведени вообичаено од трговци и производители. Многу често се случува укажаната норма од страна на производителот или трговецот да е референтна вредност, која не одговара на наклонот и типот на покривот. Ако во квантитативната пресметка се смета по овие бројки, сигурно е, дека нема да ја добиете вистинска претстава за конечна цена, дури и ќе се излажете, мислејќи дека добивате подобра цена, а потоа при работата на објектот ќе треба да купувате дополнително од материјалите што не сте ги предвиделе од самиот почеток. Овој проблем може да се избегне со ќерамидите на Брамак, бидејќи тие се со правилна форма и со исклучително прецизни димензии, за разлика од стандардните керамични ќерамиди. За да се убедите самите можете да погледнете оваа едноставна калкулација која можете да ја примените за секој од вас избран материјал и производ.

Имајте во предвид дека во Македонија практиката е да се продаваат ќерамидите на парче, при тоа објавената цена е често без ДДВ. Поради оваа причина многу е важно да ја знаете потрошувачката на производот на квадратен метар, како и да обрнете посебно внимание на објавената цена. Во моментов на македонскиот пазар ќе најдете широка разновидност на покривни материјали, но ретко се наоѓаат објавени максималните цени на производителот или увозникот. Има огромна разлика помеѓу трговец, производител и увозник. Во овој поглед нема да сретнете непријатни изненадувања со производите на Брамак, бидејќи компанијата е единствената на пазарот, која има цврста политика во цените во однос на крајниот корисник и трговецот на градежни материјали. Цените на производите не се тајна за клиентите, а добрата вест е дека тие се МАКСИМАЛНИТЕ ЦЕНИ. Што значи тоа? Тоа е реалното ценовно ниво на производот или поточно неговата пазарна вредност, која може да ви послужи само за ознака, но не и како конечна цена, бидејќи во продажната мрежа на Брамак цените кон краен корисник се секогаш минимум 10% под оваја ориентирна цена. Поради оваа причина не им препорачуваме на клиентите да купуваат директно од нашите фабрики, бидејќи цената ќе биде прогласената МАКСИМАЛНА наместо подобрата цена кај трговците.

< претходен: Улогата на термоизолацијата во цената на покривот?
следна > : Колку просечно чини изведбата на нов покрив?