Се за покривот од А до Ш

Колку просечно чини изведбата на нов покрив?

Новите покриви чинат различно во зависност од различни фактори. Треба да се земат во предвид големината на покривот, степенот на оштетување на конструкцијата, а исто така и од видот на површината. Тешко е да се утврди просечната цена, бидејќи всушност нема просек. Секој дом е различен, па затоа нема како да се пресмета колку би чинел нов покрив без точни спецификации.

Стручњакот кој ќе го одберете ќе ви помогне да се утврди состојбата на елементите на вашиот покрив и да процените кои од нив ќе треба да се заменат. Важно е да се утврди дали ќе треба да се смени дрвената покривна конструкција, челните даски, даскетана обшивка, системот за одведување вода и лимените обшивки, ќе се санираат ли оџаци, ќе се заменуваат ли покривните прозорци, ќерамиди и.т.н. На овој начин ќе ги определите работите кои треба да се извршат, и што е многу важно - ќе ги утврдите потребните материјали кои ќе се користат. Не е сеедно дали лимените облошки ќе се од поцинкуван лим, од лим обложен со полиестер, или ќе се користи бакарен лим.

Откако со помош на специјалистот сте го одредиле видот на работа и материјалите, од цртежите ќе се извадат количините на видовите работи и ќе имате т.н. количинска пресметка. Оваа количинска пресметка добро е да ја дадете на 2-3 градежни фирми за добивање на понуда. Една детална количинска пресметка со вредности, ќе ви даде можност да споредувате. Така ќе добиете различни цени за изведбата и рокови.

За да не се најдете збунети е добро за различните видови и брендови на материјали да имате одделна и посебна за нив количинска пресметка. Сите производи се различни и укажуваат различни норми на потрошувачка во зависност од големината, како и разни специјални производи, без кои нема како да се заврши покривот. Ако сепак ја споредувате цената со иста количинска пресметка за различни видови на материјали, на пример БРАМАК СИСТЕМОТ со обични керамиди, секогаш проверувајте за присуството или отсуството на одредени елементи. Можно е во калкулацијата за Брамак да е вклучен целосниот систем од кој можат да отпаднат по желба одделни елементи, но на прв поглед да добиете сериозна разлика во цената во споредба со другите материјали. Тоа е нормално, бидејќи таму ќе недостасуваат многу други елементи својствени само за системот на Брамак. Исто така е важно да се има во предвид дека не сите материјали се споредливи, особено во однос на функциите кои ги исполнуваат и квалитетот.

< претходен: Како да ги избегнам заблудите при пресметката на цената на покривот?
следна > : Што претставува количинска пресметка за поправка на покривот?