Се за покривот од А до Ш

Што претставува количинска пресметка за поправка на покривот?

Реално при ремонт недостасува количинска пресметка, недостасуваат и цртежи. Сопствениците немаат други конкретни барања што треба да се прави, освен дека покривот не треба да тече. На овој начин резултатите често се незадоволителни. Понекогаш покрив, кој е "поправен" шест пати, продолжува да тече, а понекогаш по поправката тече уште повеќе.

Кај нови згради, како по правило, исто така недостасува количинска пресметка и секој од изведувачите всушност сам ја составува и на тој начин ги одредува според сопствено мислење видовите на работи и нивните количини, а во голема мера и видот и квалитетот на материјалите. Кога сепак има некаква количинска пресметка, таа е составена многу некомпетентно и формално, без детално да се покажуваат типот и квалитетите на материјалите кои ќе се користат. Тоа во крајна линија доведува до неможност да се споредат количинските пресметки и е на штета на инвеститорот. Тој реално не може да процени кој е за него најповолниот предлог.

Дури и при совршено составена количинска пресметка ќе добиете различни цени од различни изведувачи. Разликите сепак ќе доаѓаат од различната цена на работната рака, која фирмите ќе си ја одредат. Не е препорачливо да се избира најниската цена.

< претходен: Колку просечно чини изведбата на нов покрив?
следна > : Советување со фирма за изведба на покриви со сертификат од БРАМАК