Се за покривот од А до Ш

Зошто да се изгради нов покрив?

 

Повеќето од нас не размислуваат за покривот над нашите глави - се додека не протече. Ако сте во оваа фаза, сигурно сакате да знаете дали ви треба целосно нов покрив, или делумната поправка е исто така опција.

Малкумина се оние кои преферираат да го заменат целосно покривот, но вака или онака покривите не се вечни. Ако вашиот е стар повеќе од 50 години, тој можеби е кон крајот на својот животен век. Нашата листа со најчесто поставуваните прашања ќе ви помогне да одлучите дали ви е потребна поправка или целосна замена. Обично вреди да побарате и понуда за целосно нов покрив, бидејќи може да заклучите дека разликата помеѓу цената за нов покрив и цената за делумна поправка не е толку голема како што мислите.

Покрај тоа може да се покаже дека платаќањето на сосема нов покрив е добра инвестиција. Еден нов интелигентен покрив би го подобрил изгледот на вашиот дом, а исто така ќе ви обезбеди заштита од атмосферските влијанија за годините што претстојат. А ако имате намера да продавате вашиот дом, тоа ќе ја подобри со реалната вредност на вашиот објект.

А можеби не сакате да го замените целиот покрив само поради неговиот изглед, но и не сакате да изберете првиот предложен материјал за покривање. Не брзајте, размислете за можните опции и како тие би го подобриле вашиот дом. Секој нов покрив е значителна инвестиција и на крајот би било добро да кажете: "Ми се допаѓа МОЈОТ нов покрив".