Се за покривот од А до Ш

Реконструкција на покривниот* простор

 

* Бидејќи покривот е дел од целата зграда, кој се наоѓа на последниот спрат, правилно е да се говори за користење на "покривен простор", а не за "подкровје", како што е прифатено кај нас.

Реконструкцијата на покривниот простор е сè попопуларен начин кај нас да го проширите просторот за живеење. Дефинитивно има смисла да го претворите мрачниот и неупотреблив таван во светла просторија за живеење, со што ќе ја зголемите и вредноста на вашиот дом.

 

Промена на изгледот на покривот

Ако планирате само замена на покривните материјали, тогаш сигурно имате превземено чекори за поправка на покривот без да ја нарушите неговата конструкција. Согласно чл.151 (1), т.2 од Законот за уредување за овој вид поправка не се бара дозвола за градба, но ако при планираната реорганизација го менувате видот на покривот, неговата конструкција и соодветно висината, ќе треба да набавите дозвола за градба .

 

Замена на покривот

При реконструкција се бара комплетна замена на покривот. Тоа е така, бидејќи гредите, кои ќе го држат подот на новата просторија, ќе треба да се менуваат, за да го издржат товарот на конструкцијата. Замената на целиот покрив ви дава голем избор во однос на ќерамидите, бидејќи нема да мора да ги комбинирате со старите.

Фирмата која ќе го гради покривот може да ви предложи да се користат истите ќерамиди при покривањето, но сигурно ќе постигнете многу подобар ефект ако ги замените сите, а така ќе се искористи и гаранцијата која ја имаат новите производи.

Повеќето од проектите за пренамена и реконструкција се вршат од страна на специјалисти - архитекти, дизајнери, инженери и накрај градежници, за кои треба да проверите дали имаат доволно познавања во областа на покривните работи. Оние од нив кои имаат искуство, најверојатно се членови на Клубот "Брамак Топ Мајстор". Можно е и фирмата која го реконструира покривниот простор да земе подизведувач за покривните работи. Во овој случај вреди да проверите дали подизведувачот е исто така член на Клубот "Брамак Топ Мајстор".