Се за покривот од А до Ш

Потреба од реконструкција на подпокривниот простор

Ви се бендисува домот во кој живеете, но ви треба повеќе простор?

Или мислите дека парите (да не зборуваме за напорите и стресот) потребни за купување на нов дом, можат да се вложат помудро ако го реновирате постоечкиот објект? Се почесто и се повеќе луѓе мислат на овој начин. Реконструкција и проширување на куќата е се попопуларен начин да се здобиете со дом, за кој сонувате. Иако трошоците за едно проширување се значајни, сепак е одличен начин да ја зголемите вредноста на вашиот дом. Клучен момент за успешното проширување е зачувувањето на изгледот и атмосферата на постоечкиот дом. Издадените делови треба да се комбинираат добро, а она што привлекува најмногу внимание е покривот. Комбинирањето на новите ќерамиди со старите ќе придонесе за прекрасен премин од стариот дел кон проширеникот. Разгледајте ги сите наши модели на ќерамиди и одберете ги најсоодветните за вас. Не заборавајте дека покривот е суштинскиот дел од проектот и одделете доволен процент од парите за неговата реконструкција, за да биде направен како што треба. Едвај ќе сакате да ги користите најевтините материјали, па затоа треба уште на почетокот на проектот да одлучите каков покрив сакате, за да сте сигурни дека имате доволно пари. Проверете ја состојбата на вашиот постоечки покрив. Ако тој е има повеќе од 50 години, најверојатно е кон крајот на својата експлоатација и најдобро би било да го замените целосно. Дополнителните трошоци нема да се зголемат значајно, додека изградбата на целосно нов покрив по пет или десет години би чинело доста поскапо. Кога правите проширување, вие склучувате договор со градежна фирма или мајстори за поголемиот дел од работите, но за покривот ќе ви треба специјалист - мајстор за покриви. Градежната фирма може да ангажира подизведувач за работите на покривот, а во тој случај убедете се дека подизведувачот е дел од клубот "Брамак Топ Мајстор".